Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир.
На средбата, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина, посочувајќи дека, како земја членка на НАТО, и понатаму остануваме посветени на пружање на потребната политичка и практична помош за Украина, согласно нашите можности и капацитети.
Воедно, министерот ја информираше амбасадорката Дир дека трета година по ред е донесена одлука на Владата за продолжување на привремената заштита за украинските државјани кои престојуваат на територијата на нашата држава.
Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни билатерални прашања, при што беше изразено задоволство од досегашната одлична соработка.