Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обраќање на ЗМНР Димитровски на „Дипломатски брифинг за пријателите на МАРРИ“

Обраќање на ЗМНР Димитровски на „Дипломатски брифинг за пријателите на МАРРИ“

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија се одржа годишниот Дипломатски брифинг за пријателите на МАРРИ.

 

Свое обраќање на отворањето имаа министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски и претседавачот со МАРРИ од Република Албанија, Антонела Димолеа.

 

ЗМНРНТ Димитровски во своето обраќање ја истакна целосната посветеност на Република Северна Македонија кон Регионалната безбедносна соработка во Југоисточна Европа, преку политички, економски и безбедносни иницијативи.

 

Исто така ја нагласи и потребата од зајакнување на отпорноста на регионот за идни предизвици и закани, како и важноста од ефективна размена на информации и координација помеѓу релевантните органи, особено во однос на управувањето со нерегуларната миграција и борбата против криминалот поврзан со миграцијата, како што се криумчарење мигранти и трговија со луѓе. 

 

На крајот од своето обраќање, ЗМНРТ Димитровски истакна дека Северна Македонија, како сигурен и доверлив партнер на НАТО и ЕУ, е подготвена да даде одлучувачки придонес за стабилноста и безбедноста на регионот.

Мени за пристапност