На 27 март 2025 година, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и Постојаниот координатор на ООН во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, го одржаа петтиот последователен состанок на Заедничкиот управувачки комитет за имплементација на Рамката за соработка за развој на ОН и Северна Македонија 2021-2025 година.
„Заедничките активности кои ги презедовме во 2024 година ја покажаа посветеноста на земјата кон одржливиот развој, правичната транзиција, како и заштитата и непрекршувањето на човековите права, кое продолжува дури и сега, откако земјата стана членка на Советот за човекови права на ОН“, рече Муцунски во својот воведен говор на состанокот.
„Активностите на ОН во Северна Македонија обликуваат една иднина во која просперитетот, вклученоста и одржливоста одат рака под рака“, подвлече Рита Колумбија. Таа, исто така, изрази искрена благодарност до финансиските партнери на ОН без кои резултатите од таквите активности немаше да бидат можни.
Целта на состанокот беше да се презентира и дискутира за Заедничкиот работен план на ОН за 2025 година и Годишниот извештај за резултатите за 2024 година, кои беа одобрени од страна на Заедничкиот управен комитет на самиот состанок.
„Од клучно значење е да се забрзаат активности на државно ниво кон ЦОР, земајќи ги предвид по пат приоритетите утврдени со Пактот за иднината“, изјави Колумбија.
„Со имплементацијата на Рамката за соработка на ОН за одржлив развој, сè повеќе се приближуваме до нашата главна цел за заедничко градење на просперитетна и инклузивна земја и стремежот кон обезбедување целосна реализација на 17-те Цели за одржлив развој и Агендата 2030, како и „Пактот за иднината“, кој ни ја оцртува траекторијато кон идните глобални дејствија и го отвора патот кон зајакнување на мултилатерализмот“, подвлече Муцунски.
Во текот на дискусијата, членовите на Комитетот на ЗУК од Владата и Тимот на ОН во земјата го разгледаа потребите на Владата за тековната година и вредноста која ОН би ја додала во обезбедувањето помош за земјата при спроведувањето на Рамката за соработка.
Скопје, 27 март 2025 година
Некои од клучните резултати кои беа остварени со поддршка на ОН минатата година се следните:
• 1.850 лица (6 лица со попреченост) отворија 1.620 нови деловни субјекти;
• 10 нови даватели на социјални услуги и 330 лиценцирани негувателки им помогнаа на 9.126 лица во 50 општини (опфатени 63 деца со попреченост);
• 21.641 или четвртина од проценетиот Youth NEET (11.032 жени и 2.203 тешко достапни учесници) се регистрираа за Младинска гаранција, со што се обезбедија 14.394 работни места (7.323 за жени) - што изнесува зголемување од 55% во однос на 2023 година;
• 2.076 Роми пристапиле до услугите за активирање на Агенцијата за вработување, вклучително и 1.265 потпомогнати од страна на ментори Роми;
• 156 хектари земјоделско земјиште беа опфатени со нов план за окрупнување на земјоделско земјиште во Чифлик;
• Во Дабјани е подобрена 3,08 км земјоделска инфраструктура, вклучувајќи и нови/рехабилитирани пристапни патишта и премини преку одводните канали;
• Зголемување од 11,1% во опфатот со вакцинација против хепатитис, за 10% кај примовакцинацијата со ДиТеПер и ОПВ/ИПВ и 150% кај појачувачките дози;
• 20.115 корисници добија информации за грижа за децата, здрава исхрана, грижа за себе и стручни совети преку апликацијата за родители Bebbo;
• 500 наставници во стручно образование и обука (25%) обучени за развој на зелени вештини;
• 2 нови регионални тела за функционална проценка го зголемија бројот на проценки на деца за 38%, испорачувајќи пет услуги за поддршка во просек;
• Хуманитарна и заштитна помош добија 6.300 ранливи лица во движење.
• Кампањата 16 дена активизам опфати 786.849 луѓе (962.475 споделени впечатоци, 600.337 видео прегледи).
• 76 инвестициски проекти (46 МСП и 30 домаќинства во ранливи услови) беа финансирани користејќи 0,289 MW обновливи извори на енергија и избегнување на емисија на 281 тони CO2 годишно;
• Откриени и рециклирани беа 22,5 метрички тони хлорофлуоројаглеводороди (HCFC).
• Отстранети беа 450 тони отпад од HCH и 250 тони загадена почва од стариот комплекс на хемиско-индустриската постројка ОХИС;
• 267,93 тони отпад пренасочени кон регулирана депонија во Преспанскиот слив;
• 68 заедници (361.962 лица) во сливот на реката Дрим и Полошкиот регион ја зајакнаа својата отпорност кон непогоди;
• 145 производители на јаболка (40% жени и 43% млади) од Преспанскиот регион беа оснажени за употреба на одржливи и Добри земјоделски практики (ГАП);
• Над 500 млади (327 девојчиња, 222 момчиња) го предводеа развојот и имплементацијата на социјалните и техничките иновации за справување со загадувањето на воздухот, одржливоста на животната средина и климатските промени;
• 52 општини ја надградија својата ИКТ инфраструктура, овозможувајќи пренос на седници на советите во живо, интерактивни веб-страници и е-киосци за подобри локални услуги;
• 41 општина изработија 80 родово одговорни секторски програми во рамките на своите планови за 2025 година;
• Првите 4 предмети од областа на еколошката правда беа поднесени пред Народниот правобранител, што претставува зголемување од 200% во претставките поднесени од страна на граѓаните, а три предемети беа поднесени заедно со граѓански организации;
• 6 лица добија статус на бегалци за прв пат по осум години;
• Разработена беше Стратегија за демографска политика за периодот 2024-2044 година.