Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија

Одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска беше свечено одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија.

Нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот.

На настанот се обрати министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на шеф на владината делегација, во чиј состав се и министерот за култура Зоран Љутков, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Владимир Нелоски.

Во своето обраќање, министерот Муцунски изрази благодарност до Владата на Јапонија, градот Осака, граѓаните на Јапонија и организаторите на ЕКСПО за исклучителното гостопримство и за создавањето на оваа платформа за заедничко осмислување на иднината, под мотото: „Креирање на општеството на иднината за нашите животи“.

Муцунски истакна дека македонскиот павилјон го симболизира богатството на нашата земја — држава со длабока историја и култура, соисклучително археолошко и културно наследство, сместена во срцето на Балканот. Држава која е препознаена како„бисер на Балканот“, благодарение на својата природна убавина, традиција и богатата културна ризница. Вредности кои ја прават државата привлечна туристичка дестинација и вистински бисер на Балканот.

Тој се осврна и на можностите за инвестирање, развојот на билатералните односи со Јапонија, континуираната поддршка што нашата земја ја добива од јапонските партнери, како и на потенцијалот за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.

Мени за пристапност