Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Димитровски - Нојкирх

Средба Димитровски - Нојкирх

Денеска заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски имаше средба со директорот за координација на програми во Совет на Европа, г-дин Клаус Нојкирх.

 

На средбата беа разменети мислења околу тековната и потенцијалната идна соработка со Организацијата, поконкретно околу проектните активности што се спроведуваат од страна на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје во соработка со ресорни институции, со фокус на заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, - Хоризонтален инструмент за поддршка на реформски процеси во земјите од регионот, кој во периодот 2023 – 2026 се наоѓа во трета фаза на реализација.

 

ЗМНРНТ Димитровски изрази благодарност за континуираната поддршка и експертиза што ја обезбедува Советот на Европа особено при натамошното усогласување со европските стандарди во фундаменталните области поврзани со човековите права, владеење на правото и демократијата. Ја истакна подготвеноста на Министерството да продолжи да биде конструктивен партнер и отворено за понатамошна соработка и координација во насока на заеднички успеси. 

 

Притоа ја нагласи важноста од продолжување на соработката, како и обезбедување комплементарност и синергија на активностите насочени кон одржливи и опипливи резултати од значење за домашните клучни реформи и нашиот иден ЕУ интегративен пат.

Мени за пристапност