Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Дамбраускиене

Средба Муцунски - Дамбраускиене

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го прими Шефот на Канцеларијата на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.

 

На средбата со Дамбраускиене, беше изразено заемно задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и политичкиот дијалог, а особено по отварањето на Канцеларијата на Литванија во Скопје, споделувајќи обострани заложби за натамошно интензивирање на секторската соработка и меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати.

 

Министерот Муцунски се заблагодари за принципиелната поддршка на Литванија на пристапниот процес во ЕУ, која како дел од групата “Пријатели на проширувањето” континуирано се залага дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ, со што ќе се воспостават и мерки за развој на економијата, а придобивките ќе ги почувствуваат сите страни.

 

Покрај министерот Муцунски, во текот на денешниот ден, Шефот на Канцеларијата на Република Литванија во земјава го примија и заменик-министерот Зоран Димитровски и државниот секретар Елена Кузмановска.

Мени за пристапност