Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Григоријан

Средба Муцунски - Григоријан

Во рамките на денешната агенда, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија во просториите на МНР оствари средба со претставникот на канцеларијата на УНДП во земјава, Армен Григоријан. 

 

На средбата, тие се осврнаа на иницијативите и активностите кои УНДП ги презема во различни области, како што се социјалната инклузија, родовата еднаквост, подобрувањето на позицијата на младите, заштита на правата и интеграција на лицата со попреченост во општеството, децентрализацијата, како и зајакнувањето на институциите, локалниот развој, животната средина и климатските промени.

 

Министерот Муцунски истакна дека Владата особено го цени активниот придонес на УНДП кон севкупниот социо-економски развој на државата и досегашната одлична соработка и партнерство со македонските институции во повеќе области.

Мени за пристапност