Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија Н.Е. Андраш Клаин

Државниот секретар Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија Н.Е. Андраш Клаин

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија, Н.Е. Андраш Клаин.

 

На средбата соговорниците изразија задоволство од севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои ги оценија како исклучително динамични и пријателски при што беа нагласени заложбите на двете земји за натамошно јакнење на политичката и економската соработка. За време на разговорите, посебен акцент беше ставен на надворешно-трговската соработка и прогресот на министерството кон целосно интегрирање на портфолиото на надворешната трговија. 

 

Државниот секретар Кузмановска се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Унгарија во однос на евро-интегративните процеси на билатерално ниво и во европските институции, притоа изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата е високо на агендата на унгарското претседателство со Европската Унија.

Мени за пристапност