Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Јан Коп

Средба Муцунски - Јан Коп

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. 

 

На средбата со холандскиот амбасадор, министерот Муцунски изрази благодарност за конструктивниот ангажман на амбасадорот во насока на интензивирање на билатералната соработка помеѓу нашите две земји за време на неговиот мандат. Министерот потенцираше дека со Кралството Холандија традиционално негуваме исклучително блиски односи, со интензивен политички дијалог и широка секторска соработка.

 

Воедно, тој изрази благодарност за холандската поддршка во градењето на нашите демократски капацитети, како и заложбите за промоција на слободно општество и слободна пазарна економија. 

Мени за пристапност