Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Сориано Ортиз

Средба Муцунски - Сориано Ортиз

Во рамките на денешната агенда, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, на која ги прими копиите од акредитивните писма. 

 

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Шпанија, Сориано Ортиз, министерот Муцунски му посака успешна дипломатска мисија, притоа изразувајќи задоволство од досегашниот динамичен и континуиран политички дијалог, а беа изразени и заеднички заложби за интензивирана соработка и натамошно унапредување на односите помеѓу двете земји.

 

Воедно, министерот се заблагодари за принципиелната и континуирана шпанска поддршка на нашата интеграција во ЕУ, и ја нагласи посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат, преку исполнување на значајни реформи на домашен план и одговорно дејствување во меѓународните односи.

Мени за пристапност