Државниот секретар Елена Кузмановска Биондиќ, денеска, ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата, заеднички беа потврдени одличните билатерални односи и долгогодишно пријателство, со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заемен интерес. Воедно, беше повторен и заемниот интерес за понатамошно унапредување на односите и продлабочување на билатералната соработка, со фокус на економската сфера. Соговорниците се согласија дека како резултат на интензивната соработка и во духот на меѓусебното почитување, дојдоа и серијата билатерални контакти и средби на високо ниво - првата официјална посета на премиерот Мицкоски и министерот Муцунски на Хрватска и средбата на претседателите на двете држави во рамки на процесот Брдо-Бриони.
Посебен акцент на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите-членки, со цел зачувување на кредибилитетот на процесот. Државниот секретар, Кузмановска Биондиќ изрази благодарност за континуираната поддршка од Хрватска во процесот на нашето ЕУ-интегрирање.