Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска денес оствари средба со амбасадорот на Турција, Н.Е. Фатих Улусој.

 

На средбата беа потврдени традиционално добрите билатерални односи меѓу двете држави и соговорниците изразија подготвеност за натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на инвестициите и надворешно-трговската и соработка.

 

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешната успешна посета на Министерот за надворешни работи на Турција, Н.Е.  Хакан Фидан, како и за плановите за размена на билатерални посети на високо ниво во блиска иднина и развојот на стратешката соработка меѓу двете земји.

Мени за пристапност