Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Во текот на разговорот, заменик-министерот Димитровски искажа големо задоволство од неодамнешната одлука за отворање на Амбасада на Казахстан во Скопје. Двајцата дипломати се согласија дека овој значаен чекор ќе даде силен импулс за продлабочување на билатералните односи меѓу двете пријателски земји.

 

Соговорниците со задоволство го констатираа позитивниот тренд во развојот на досегашните билатерални односи и разменија мислења за потенцијалите за нивно натамошно унапредување. Посебно внимание беше посветено на можностите за интензивирање на соработката во следните области: економска соработка, унапредување на трговската размена, развој на туристичките потенцијали како и продлабочување на културните врски.

 

Средбата помина во конструктивна и срдечна атмосфера, што ја отсликува заемната волја на двете земји за продлабочување и диверзификација на нивните односи.

Мени за пристапност