Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба ЗМНР Димитровски - Улусој

Средба ЗМНР Димитровски - Улусој

Денеска (02.10.2024), заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски го прими амбасадорот на Република Турција  во нашата земја, Фатих Улусој.  

 

Во таа прилика, заменик-министерот Димитровски изрази задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на традиционално пријателство и партнерство. Заемно беше констатирано дека неодамнешната посета на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан беше особено значајна за натамошниот развој и зајакнување на меѓусебните односи и соработка која се одвива во повеќе области.

 

Соговорниците се согласија дека оваа динамика ќе биде уште посилна во наредниот период и притоа, заемно беше потврдена подготвеноста за идна соработка особено во областа на трговската размена, инвестициите, туризмот, образованието, одбраната и културата. 

Мени за пристапност