Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со новоименуваната вонредена и ополномоштена амбасадорка на Република Тунис, Лааџили Амари

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со новоименуваната вонредена и ополномоштена амбасадорка на Република Тунис, Лааџили Амари

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Тунис, со седиште во Белград, Н.Е Имен Лааџили Амари.

 

Посакувајќи ѝ срдечно добредојде, државниот секретар Кузмановска ѝ посака успех во вршењето на ова одговорна функција, изразувајќи очекување за натамошна успешна соработка помеѓу двете земји.

 

На средбата беа разгледани и можностите за унапредување на нашите односи преку конкретни иницијативи и нови форми на соработка, за развој на партнерство во повеќе области, како во трговијата, инвестициите, здравството, туризмот и културата.

Мени за пристапност