Денес во министерството за надворешни работи и надворешна трговија Државниот секретар Елена Кузмановска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Н.Е г-ѓа Сецуко Кавахара.
За време на средбата соговорниците заеднички констатираа односите меѓу двете земји се на високо ниво и дека постои простор за зајакнување на соработката на полето на економијата, инвестициите, културата и други области од заеднички интерес на двете земји.
На средбата соговорниците разменија мислења и за соработката на мултилатерален план, за надворешно-политичките приоритети на двете земји, за регионални теми, како и за актуелните меѓународни прашања и предизвици.