Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Рафаел Сориано Ортиз.
Фокусот на средбата беше ставен на утврдување на претстојните активности во билатералната соработка и динамиката на нивната реализација. Посебен акцент беше ставен на можностите и потенцијалот за продлабочување на економската и трговската соработка.
Министерот Муцунски ја сподели силната посветеност на нашата држава кон реформската агенда и продолжувањето на евроинтеграцискиот пат заснован на заслуги и постигнати резултати, и се заблагодари за континуираната поддршка од Шпанија за нашите европски аспирации.