Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.
На средбата уште еднаш беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, што дополнително се зацврстуваат преку Договорот „влада со влада“, потпишан во Лондон, како и преку најавената посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство, која ќе се реализира до крајот на оваа недела.
Во разговорот беше нагласена и благодарноста за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија, како и за реализацијата на бројни проекти од заеднички интерес.