Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со новата амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова

Средба на министерот Муцунски со новата амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Словачка во Скопје, Ивета Хрицова.

 

На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од динамичниот и континуиран македонско-словачки политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати.

 

Во оваа прилика, министерот Муцунски се заблагодари за активниот ангажман и силната словачка поддршка за евроинтегративните процеси на нашата држава.

 

Амбасадорката Хрицова нагласи дека Словачка високо го цени придонесот на нашата земја кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошен развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и постигнатите резултати во повеќе области.

Мени за пристапност