Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел

Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија со седиште во Белград, Питер Трасвел.

 

За време на разговорот, соговорниците го потврдија позитивниот тренд во градењето на билатералните односи меѓу двете земји, при што посебен акцент беше ставен на јубилејот – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Во тој контекст, неодамнешната посета на министерот Муцунски на Австралија, прва по 15 години, беше истакната како доказ за трајното партнерство и заедничката посветеност за понатамошен развој на целокупната билатерална соработка.

 

Особено внимание беше посветено на можностите за интензивирање на соработката во областа на економијата, туризмот, културната размена и образованието. Беше потенцирана потребата од проширување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна имплементација на заеднички проекти и иницијативи.

 

Разговорот опфати и теми поврзани со македонската дијаспора во Австралија, која има значајна улога во зајакнувањето на врските меѓу двете држави, а беа разменети и мислења за актуелните глобални предизвици и меѓународни околности.

Мени за пристапност