Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во сите области опфатени со нејзиниот мандат. Беше изразена заедничка поддршка за активностите насочени кон зајакнување на регионалната соработка и зачувување на мирот и стабилноста во рамките на ОБСЕ просторот.
Министерот Муцунски изрази благодарност за значајниот придонес на ОБСЕ во демократскиот развој на македонското општество, особено преку поддршката на бројни проекти во рамки на хуманата димензија.
Двајцата соговорници го нагласија заедничко задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со институциите и граѓанското општество, како и подготвеност за нејзино продолжување и унапредување во иднина во области од обостран интерес.