Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Австралија, со седиште во Белград, Питер Трасвел.
Соговорниците го поздравија досегашниот развој на билатералните односите, при што, беше истакнат значајниот јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, што се обележува оваа година и во тој правец, заменик – министерот, Димитровски, ја потенцираше можноста за зајакнување на нашите билатерални врски и истражување на нови области на соработка
Посебен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од засилување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности.
На разговорот стана збор и за македонската заедница во Австралија, која има клучна улога во градењето мостови меѓу двете земји и воедно, разменети мислења за актуелните меѓународни прашања и состојби