Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.
На средбите беа отворени теми поврзани со билатералните односи со двете земји, како и со можностите и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската и трговската соработка, како и на зачувување на континуитетот на соработката на мултилатерално ниво.
Министерот Муцунски со амбасадорите Памер и Филипиду размени мислења и околу европската интеграција на Република Северна Македонија, при што беше реафирмирана силната и континуирана поддршка на нашата земја во овој процес.