Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Телефонски разговор на министерот Муцунски со шефот на дипломатијата на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд.

Во разговорот беше нагласена заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор од страна на министерот Муцунски беше потенцирано отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што се смета за поттик за продлабочување на соработката во економските и другите области од заеднички интерес.

Притоа, од страна на министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, беше поздравена оваа иницијатива. Тој ја реафирмираше подготвеноста на Кралството за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.

Мени за пристапност