Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски се обрати на Балканскиот бизнис и инвестициски форум во Едрене, Турција

Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски се обрати на Балканскиот бизнис и инвестициски форум во Едрене, Турција

Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски се обрати на Балканскиот бизнис и инвестициски форум во Едрене, Турција, каде што учествуваат министри и заменици министри за економија, надворешна трговија, иновации и економски развој од Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, како и претставници од бизнис заедницата и стопанските комори од балканските земји.

 

Во своето обраќање, Димитровски истакна дека и покрај тековните предизвици со кои се соочува светот, „ние во Северна Македонија цврсто веруваме дека економската соработка е од витално значење за поттикнување на стабилноста и мирот. Со инвестирање во меѓусебните економии и зајакнување на деловните врски, можеме да изградиме отпорност на надворешни шокови и да создадеме одржлива иднина за нашите граѓани“.

 

„За таа цел, Владата на Северна Македонија прави значителни напори за подобрување на нашата економија и спроведување на реформи за поттикнување на иновациите, привлекување странски инвестиции и создавање одржливи работни места. Заедно, можеме да го отвориме патот за економски раст и соработка во регионот“– додаде заменик министерот Димитровски.

 

Тој учествуваше и во панел дискусијата на тема "Новите перспективи за регионалните предизвици". Во дебатата ја нагласи про бизнис ориентацијата на македонската Влада, ја потенцираше улогата на енергетското и инфраструктурно поврзување на балканските земји и ги покани инвеститорите од Турција да вложуваат во инфраструктурните, како и во други проекти во Република Северна Македонија, во слободните економски зони, во енергетскиот и во градежниот сектор.

 

На маргините на форумот заменик министерот Димитровски оствари и билатерална средба со Мустафа Тузџу, заменик министер за трговија на Република Турција на која е договорено одржување на заеднички  бизнис форум во Скопје до крајот на оваа година.

Мени за пристапност