Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар д-р Јовица Палашевски, оствари средба со регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), Кристофер Левик

Државниот секретар д-р Јовица Палашевски, оствари средба со регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), Кристофер Левик

Државниот секретар д-р Јовица Палашевски, оствари средба со регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), Кристофер Левик.

Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на миграциите и поактивно вклучување на дијаспората во развојните процеси во земјата.

На средбата беше истакнато дека циркуларната миграција треба да се разгледува не само како миграциски феномен, туку и како значајна развојна и инвестициска можност, преку двонасочен трансфер на знаење, капитал, професионално искуство и човечки потенцијал. Во тој контекст, беше нагласена потребата од развивање соодветни механизми и модели преку кои припадниците на дијаспората би можеле привремено да работат, инвестираат, пренесуваат знаења и експертиза, да учествуваат во обуки или да воспоставуваат професионална соработка со институциите и компаниите во земјата.

Посебно внимание беше посветено и на прашањето за повратниците и создавањето услови за нивна успешна реинтеграција. Беше истакната важноста од препознавање и соодветно искористување на знаењата, вештините, професионалните мрежи и искуствата стекнати во странство, како дополнителен придонес кон економскиот и општествениот развој на земјата.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на дијалогот и за разгледување конкретни можности за идна соработка во овие области.

Мени за пристапност