Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Средба на државниот секретар д-р Јовица Палашевски со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Натамошното продлабочување на македонско-словенечките односи, европската интеграција и можностите за зајакнување на економската соработка беа во фокусот на денешната средба на државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Во разговорите беше изразено задоволство од традиционално блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и од засилената динамика на политичкиот дијалог на високо ниво. Беше нагласен заедничкиот интерес позитивниот политички амбиент дополнително да се преточи во поинтензивна економска соработка, поголема трговска размена и нови можности за словенечки инвестиции во земјата.

Државниот секретар Палашевски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Словенија ја дава на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија. Тој ја истакна улогата на Словенија како еден од силните поддржувачи на политиката на проширување на Европската Унија и на забрзувањето на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и мултилатералната соработка, при што посебно беше разгледано претстојното одржување на Самитот на Процесот Брдо-Бриони во Република Северна Македонија оваа есен. Беше оценето дека Самитот претставува значајна можност за натамошно јакнење на регионалниот дијалог, продлабочување на меѓусебната соработка и одржување на европската перспектива на регионот високо на политичката агенда.

Мени за пристапност