Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Швајцарската Конфедерација

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Швајцарската Конфедерација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од досегашната успешна билатерална соработка и беше потврдено уверувањето дека позитивниот тренд и традиционално пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат.

Министерот Муцунски и амбасадорот Зомер се согласија дека постои значаен потенцијал за натамошно продлабочување на соработката и изразија подготвеност за нејзино проширување во повеќе области од заемен интерес.

Мени за пристапност