Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија со заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Томас Ламанаускас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на Западнобалканскиот дигитален самит во Скопје, оствари средба со заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Томас Ламанаускас.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици и перспективи во областа на дигиталната трансформација, телекомуникациската инфраструктура и регионалната соработка. Министерот Муцунски ги претстави националните приоритети во доменот на дигиталната поврзаност и потенцираше дека Македонија е посветена на целосна интеграција на дигиталните решенија во рамките на националните стратегии и програми.

Двете страни ја истакнаа посветеноста за создавање инклузивна, безбедна и одржлива дигитална иднина, нагласувајќи ја потребата од заеднички напори меѓу владите, регулаторите, индустријата и меѓународните организации за реализација на оваа заедничка цел.

Мени за пристапност