Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски оствари работна средба со директорката на ЦЕФТА Секретаријатот, Пранвера Кастрати

Министерот Муцунски оствари работна средба со директорката на ЦЕФТА Секретаријатот, Пранвера Кастрати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со директорката на ЦЕФТА Секретаријатот, Пранвера Кастрати. На средбата се разговараше за активностите и предизвиците поврзани со дополнителна либерализација и олеснување на трговијата меѓу земјите членки на ЦЕФТА Договорот, како и за исполнувањето на обврските што произлегуваат од Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар 2025–2028 година.

Министерот Муцунски истакна дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција за надворешната трговија, ќе продолжи со засилени активности за имплементација на ЦЕФТА Договорот. Тој посочи дека напредокот во рамките на ЦЕФТА претставува средство што може да придонесе за забрзување на процесот на ЕУ интеграција на земјите членки, што е клучен предуслов за поголема реализација на Планот за раст.

Воедно, министерот нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на активностите и обврските кои произлегуваат од ЦЕФТА Договорот, насочени кон обезбедување на четирите слободи на единствениот пазар – слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе – како основа за долгорочен економски раст на регионот.

Мени за пристапност