Денес, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џианг Сјаојен.
Посакувајќи ѝ добредојде и успех во извршувањето на одговорната функција, министерот Муцунски истакна дека заемните односи меѓу двете земји се темелат на меѓусебно разбирање и почитување.
Акцентот на средбата беше ставен на можностите за зајакнување и понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина.