Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија, Алпер Акташ.

Двајцата соговорници изразија подготвеност за дополнително зголемување на економската и трговската размена, нови инвестиции, како и за продлабочување на соработката во инфраструктурата, енергетиката, туризмот и културата, во согласност со заедничките цели од Стратегијата за зајакнување на билатералните односи од 2008 година и Заедничката политичка декларација за воспоставување Совет за соработка на високо ниво од 2025 година.

На средбата беше потврдена заедничката посветеност на одржувањето на мирот и стабилноста, при што беше нагласено дека блиската соработка е клучна не само за регионот, туку и за пошироката меѓународна заедница во справувањето со современите предизвици.

Дополнително, беше реафирмирано цврстото сојузништво во рамките на НАТО, како и заедничките напори за зачувување на регионалната стабилност во услови на променет геополитички контекст.

Мени за пристапност