На маргините на овогодинешниот Ереван дијалог Форум 2026 заменик-министерот Зоран Димитровски оствари билатерални средби со својот хомолог, ерменскиот заменик-министер за надворешни работи Вахан Костањан, како и со заменик министерот за надворешни работи на Грузија, Лаша Дарсалиа.
Соговорниците ги потврдија заедничките заложби за унапредување на севкупните билатерални односи, во носока на остварување на конкретна соработка со Ерменија во повеќе области од заемен интерес, во претстојниот период.
На средбата со заменик министерот Дарсалија беше искажана подготвеност и од двете страни за интензивирање на политичкиот дијалог преку организирање на средби на високо ниво.
Посебен акцент и на двете средби беше ставен на евроинтеграциите и во тој контекст беа разменети мислења и искуства поврзани со процесот на пристапувањето во Европската Унија.