Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорката на Република Словачка во Северна Македонија, Ивета Хрицова.

На средбата беа разменети информации за европската агенда на земјата, како и за билатералната соработка меѓу двете држави, при што беа потврдени одличните односи и заедничката определба за нивно понатамошно унапредување.

Република Словачка е силен поддржувач на европската перспектива на нашата земја и е дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“, формирана со цел забрзување на пристапниот процес и интеграцијата во Европската Унија. Во таа насока, на средбата беше разгледана и подготовката на претстојниот министерски состанок на групата, на кој Словачка ќе биде домаќин во текот на овој месец.

Мени за пристапност