Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одвоени средби на министерот Муцунски со министрите за надворешни работи на Монголија, Кенија и Тринидад и Тобаго

Одвоени средби на министерот Муцунски со министрите за надворешни работи на Монголија, Кенија и Тринидад и Тобаго

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари одвоени средби со министерката за надворешни работи на Монголија, Батцецег Батмунх, со Мусалија Мудавади, прв секретар на Кабинетот и секретар за надворешни работи и дијаспора на Кенија, како и со министерот за надворешни и CARICOM работи на Тринидад и Тобаго, Шон Соберс.

На средбите беше разговарано за можностите за унапредување на политичкиот дијалог, продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка и отворање нови области од заемен интерес.

Со министерот Соберс беше потпишано Заедничко коминике за воспоставување дипломатски односи со Тринидад и Тобаго, додека со претставниците на Кенија и Монголија беа потпишани меморандуми за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, со што се создава дополнителна основа за поинтензивна институционална и политичка соработка.

Во рамките на активностите во Њујорк, министерот Муцунски учествуваше и во иницијативата Trade Over Aid, промовирана од Мисијата на Соединетите Американски Држави при ОН, која става акцент на економскиот развој преку трговија, инвестиции и поголемо учество на приватниот сектор, со цел создавање долгорочна економска отпорност и конкретни инвестициски можности.

Мени за пристапност