Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одвоени средби на министерот Муцунски со постојаниот координатор на Обединетите нации, Рита Колумбиа, и амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин

Одвоени средби на министерот Муцунски со постојаниот координатор на Обединетите нации, Рита Колумбиа, и амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени работни средби со постојаниот координатор на Обединетите нации, Рита Колумбиа, и со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин.

На средбата со постојаниот координатор на Обединетите нации беа разгледани тековните и претстојните активности во рамки на мултилатералната агенда на државата. Во фокусот на разговорите беа приоритетите поврзани со понатамошното зајакнување на соработката со системот на Обединетите нации, како и координацијата во однос на учеството на претстојните меѓународни конференции и иницијативи. Се разменија мислења за актуелните процеси на глобално ниво, со посебен акцент на значењето на мултилатералната соработка во справувањето со современите предизвици.

Заеднички беше потврдена заемната посветеност за натамошно продлабочување на партнерството со системот на Обединетите нации, со цел унапредување на националните развојни приоритети и придонес кон реализацијата на глобалните цели, вклучително одржливиот развој, заштитата и унапредувањето на човековите права, како и зајакнувањето на меѓународниот мир и безбедност.

На средбата со унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин, соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што изразија очекување за нивно натамошно продлабочување, со фокус на економската и трговската соработка. Се разговараше и за евроинтегративниот процес на државата и унгарската поддршка на овој пат, како и за партнерството во рамки на НАТО Алијансата, како темел на регионалната, европската и глобалната безбедност.

Мени за пристапност