Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан спортско-дипломатскиот голф турнир „DiplomatGOLF Invitational“ 2026.

Одржан спортско-дипломатскиот голф турнир „DiplomatGOLF Invitational“ 2026.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во коорганизација со Амбасадата на Република Словенија, г-дин Бојан Неделковски (Дасолт Системс) и со помош и поддршка на Општина Охрид и Асоцијацијата на словенски и македонски бизнисмени, на 25 април организираше голф турнир под наслов „DiplomatGOLF Invitational“ 2026.

Спортско-дипломатскиот бизнис настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н.Е. Тимчо Муцунски, на терените на Голф клуб Охрид. На истиот активно учество земаа дипломати од резидентните дипломатски и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата, претставници на македонски компании, како и дипломати од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од турнирот се одржа свечена церемонија за учесниците и гостите на настанот. Во таа прилика, пехарите и наградите на победниците ги доделија министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Н.Е. Тимчо Муцунски, амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескар, претставник на Крка за Северна Македонија и г-дин Бојан Неделковски од Дасолт Системс.

Во спонзорството на голф турнирот учествуваа и Македонската голф федерација, Голф клуб Охрид, Асоцијацијата на словенски и македонски бизнисмени, почесниот конзул на Словенија во Охрид, г-дин Шенол Ислам, како и компаниите Крка, А1, AXM 365 и ЕСМ Производство.

Успешното организирање на ваков вид на настани значајно ја зголемува ефективноста на спортската и бизнис дипломатија, го промовира развојот на туризмот и градот Охрид, го поттикнува почестото практикување на здрави навики кај луѓето и дополнително ја унапредува меѓусебната соработка и комуникација меѓу претставниците на владините институции, дипломатите и стопанствениците.

Мени за пристапност