Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одвоени средби на министерот Муцунски со раководствата на МАСИТ и АмЧам

Одвоени средби на министерот Муцунски со раководствата на МАСИТ и АмЧам

Во рамки на континуираниот дијалог со стопанството и коморите, и со цел креирање конкретни и применливи предлози за поддршка на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени работни средби со раководствата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и на Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.

На средбите се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка, организација на тематски трговски посети, обезбедување логистичка поддршка за бизнисите, како и за поактивна економска дипломатија преку дипломатско-конзуларните претставништва.

Посебен акцент беше ставен и на конкретни иницијативи предложени од коморите, кои можат дополнително да придонесат кон поддршка на извозните активности.

Мени за пристапност