Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со раководството на Македонско-турската стопанска комора – МАТТО

Средба на министерот Муцунски со раководството на Македонско-турската стопанска комора – МАТТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со Управниот одбор на Македонско-турска стопанска комора – МАТТО, организација која има значајна улога во унапредувањето на економската соработка и зајакнувањето на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Република Турција.

На средбата беа разгледани можностите за институционална поддршка на компаниите во насока на унапредување на извозот, поттикнување на извозно ориентирани компании, создавање нови извозни капацитети, како и привлекување нови инвестиции.

Беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката преку конкретни иницијативи за јакнење на трговските односи и економската соработка меѓу двете земји.

Претставниците на Комората ја поздравија иницијативата за поинтензивна институционална соработка и координација во наредниот период, со цел создавање поволни услови за развој на стопанството и забрзување на економскиот развој.

Мени за пристапност