Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство во заминување, Метју Лосон

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство во заминување, Метју Лосон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во заминување, Метју Лосон.

Министерот Муцунски му се заблагодари на амбасадорот Лосон за досегашната соработка и за неговиот личен ангажман во унапредувањето на билатералните односи, изразувајќи уверување дека тие и во иднина ќе продолжат да се развиваат на високо ниво.

На средбата беше истакнато дека во периодот на мандатот на амбасадорот Лосон беа направени значајни исчекори во политичката и економската соработка, вклучително и со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји. Воедно, беше нагласена и одличната соработка меѓу Амбасадата и институциите во земјава.

Соговорниците ја потврдија заедничката подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

Мени за пристапност