По повод 8 Септември, Денот на независноста, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со владината делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, како и на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Беше оддадена почит на државниците кои оставија значаен белег во создавањето, развојот и зацврстувањето на независната македонска држава, нејзините институции и демократскиот поредок.
„Три и пол децении независност се темелат не само на историската одлука од 1991 година, туку и на континуитетот во градењето на државноста низ генерации“, истакна министерот Муцунски.
Честитајќи го Денот на независноста, министерот порача дека 8 Септември е ден на почит, гордост и одговорност кон иднината.
„Со почит кон минатото и со одговорност кон иднината. Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста!“, напиша министерот Муцунски.