Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

На средбата беше изразено заемно задоволство од позитивниот развој на односите меѓу двете земји и беше потврдена заедничката определба за нивно натамошно унапредување. Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на амбасадорот Буршаков, како прв резидентен амбасадор на Република Казахстан во Скопје, во продлабочувањето на билатералните односи и изрази уверување дека неговото искуство и во иднина ќе придонесува за нивно дополнително зајакнување.

Соговорниците изразија уверување дека Северна Македонија и Казахстан и во периодот што следи ќе продолжат да ги развиваат и унапредуваат пријателските односи, во интерес на двете земји и нивните граѓани. Воедно, разменија мислења за актуелните регионални и глобални случувања.

Мени за пристапност