Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој

Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.

На средбата, министерот Муцунски упати искрена благодарност за личниот придонес и посветеноста на амбасадорот Улусој во развојот на билатералната соработка во текот на неговиот мандат.

Беше оценето дека во изминатиот период се реализирани повеќе значајни посети и иницијативи кои придонесоа за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за дополнително зацврстување на пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења и за идните активности и можностите за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Заеднички беше констатирано дека одличните билатерални односи треба да продолжат да се развиваат со ист интензитет, врз основа на искреното пријателство, меѓусебната доверба и досегашните заеднички постигнувања.

Мени за пристапност