Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

Проштална средба на министерот Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, на проштална средба.

Во оваа прилика, министерот Муцунски изрази благодарност за посветениот ангажман и континуираниот придонес на амбасадорот Вал, како и за континуираната поддршка и партнерската соработка со Мисијата на ОБСЕ.

Беше истакната значајната улога на Мисијата на ОБСЕ и важноста од продолжување на блиската и конструктивна соработка, при што беше изразено задоволство од досегашната заедничка посветеност на унапредувањето на демократските процеси, стабилноста и инклузивниот развој на општеството.

На крајот, министерот Муцунски му врачи плакета на амбасадорот Вал, му се заблагодари за отворениот и партнерски пристап во текот на неговиот мандат и му посака успех во понатамошниот професионален ангажман.

Мени за пристапност