Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштални средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Грција и на Чешката Република

Проштални средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Грција и на Чешката Република

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштални средби со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, и со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, по повод завршувањето на нивните дипломатски мандати во Скопје.

Министерот Муцунски им се заблагодари за активниот ангажман и значајниот личен придонес во унапредувањето на билатералните односи, продлабочувањето на соработката со земјите што ги претставуваат, како и во зајакнувањето на соработката на регионално и мултилатерално ниво.

На средбите беше изразено задоволство од динамичниот политички дијалог и уверување дека соработката ќе продолжи да се продлабочува во повеќе области од заемен интерес.

По повод завршувањето на нивните дипломатски мисии, министерот Муцунски им врачи плакети-благодарници.

Мени за пристапност