Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение

Соопштение

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, д-р Јовица Палашевски, на 14 јули 2026 година, оддаде почит во Книгата на жалост, отворена во Амбасадата на Државата Катар во Скопје, по повод смртта на Неговото Височество Таткото Емир, шеик Хамад бин Калифа Ал Тани.

По тој повод, државниот секретар Палашевски, во име на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, изрази искрено и длабоко сочувство до Неговото Височество Емирот на Државата Катар, до членовите на владејачкото семејство Ал Тани, како и до народот на Државата Катар.

Во пораката на сочувство, тој истакна дека Република Северна Македонија се солидаризира со народот на Катар во овие моменти на жалост, изразувајќи длабока почит кон животот, делото и трајното наследство на Неговото Височество Таткото Емир, шеик Хамад бин Калифа Ал Тани.

Мени за пристапност