Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со министерот за надворешни работи на Народна Република Бангладеш, Халилур Рахман

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со министерот за надворешни работи на Народна Република Бангладеш, Халилур Рахман

Во рамки на работната посета на Њујорк, вчера, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски оствари средба со министерот за надворешни работи на Народна Република Бангладеш и иден претседател на Генералното собрание на ООН, Халилур Рахман.

На средбата беше поздравена соработката меѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. 

Билатералните врски беа оценети како традиционално пријателски, засновани на меѓусебно почитување, меѓународното право и успешна мултилатерална соработка. Заеднички беше истакната подготвеноста за соработка за време на 81-та сесија на Генералното собрание, со која ќе претседава министерот за надворешни работи на Народна Република Бангладеш, Халилур Рахман.

Мени за пристапност