На маргините на Политичкиот форум на високо ниво во рамки на ЕКОСОК во Њујорк, вчера, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски оствари билатерална средба со претседателот на ЕКОСОК, амбасадорот Лок Бахадур Тапа.
На средбата заменик министерот Димитровски ја нотираше важноста за изборот на земјата за членка на ЕКОСОК за периодот 2027-2029 година, изразувајќи интерес, како нова членка, за досегашните искуства и приоритетите на претседателот Тапа.
Истакнувајќи ја потребата од зајакнување на мултилатерализмот и довербата меѓу државите, што ќе резултира со поефективна и поефикасна координација во системот на ООН, Димитровски изрази поддршка за агендата која има за цел испорачување подобри резултати за исполнување на целите за одржлив развој.