Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Димитровски оствари билатерални средби со високи претставници на ООН во рамки на Политичкиот форум на високо ниво на ЕКОСОК во Њујорк

Заменик министерот Димитровски оствари билатерални средби со високи претставници на ООН во рамки на Политичкиот форум на високо ниво на ЕКОСОК во Њујорк

Денес, на маргините на Политичкиот форум на високо ниво во рамки на ЕКОСОК во Њујорк, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари билатерални средби со заменик генералниот секретар на Обединетите нации, Амина Џ. Мохамед и регионалната директорка за Европа на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ирена Живковиќ.

На средбата со заменик генералниот секретар на Обединетите нации, Амина Џ. Мохамед, беа разменети мислења за актуелните глобални предизвици и начините за нивно надминување преку зајакнат мултилатерализам. Заменик министерот Димитровски ја реафирмираше посветеноста на Република Северна Македонија кон мултилатерализмот, одржливиот развој и јакнењето на системот на Обединетите нации преку негова поголема ефикасност. Посебен акцент беше ставен на значењето на регионалната соработка за забрзување на имплементацијата на Целите за одржлив развој, како и на заедничките напори за одржување на мирот, справување со климатските промени, унапредување на човековите права и зајакнување на женското лидерство.

На средбата со регионалната директорка за Европа на УНДП, Ирена Живковиќ, Димитровски изрази задоволство од долгогодишното успешно партнерство со УНДП, кое повеќе од три децении придонесува за спроведување на националните развојни приоритети. Во разговорот беше нагласена усогласеноста на програмските приоритети на УНДП за периодот 2026–2030 со стратешките цели на Владата, при што беше потврдена заедничката подготвеност за понатамошно унапредување на соработката во области од заемен интерес, во насока на поддршка на одржливиот развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Мени за пристапност