Во рамки на учеството на Политичкиот форум на високо ниво во рамки на ЕКОСОК посветен на трансформативни, еднакви, иновативни и координирани акции за Агендата за одржлив развој 2030 и нејзините цел, денес, 14 јули, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски ко-претседаваше со сесијата на Регионален форум за одржлив развој за регионот на Економската комисија за Европапри ОН (УНЕЦЕ), на која акцентот беше ставен на размена на регионални перспективи за забрзување на спроведувањето на Целите за одржлив развој, со фокус на иновативни, интегрирани и правични решенија.
Во своето излагање, заменик министерот Димитровски истакна дека “напредокот бара посилни партнерства, соодветно финансирање, сигурни податоци, иновации и ефективна регионална соработка која има витална улога во забрзувањето на напредокот кон Целите. Нашиот најголем предизвик повеќе не е да ги идентификуваме решенијата, туку да имаме политичка храброст да ги примениме на сите нивоа. Успехот ќе зависи од нашата заедничка способност да ја забрзаме имплементацијата преку инклузивни партнерства и ефективна мултилатерална соработка.“